Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина Синовак Бајотек за итна употреба.
Во соопштението се наведува дека одобрувањето на СЗО претставува сигнал за регулаторните тела дека препаратот е безбеден и ефикасен, со што се овозможува вакцините кои ги одобрува СЗО да се најдат во глобалната програма Ковакс, која им обезбедува вакцини на сиромашните земји.
Процесот на анализа на техничката советодавна група на СЗО започна на 5 мај, а одлуката е донесена по анализите на најновите клинички податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината Синовак и постапката за производство во кинеската компанија.
Ова е втора кинеска вакцина која доби дозвола за итна употреба, откако препаратот на државната кинеска компанија „Синофарм“ доби „зелено светло“.
Барање е поднесено и за третата кинеска вакцина КанСино Бајолоџикс, но не се знае кога ќе заврши постапката за анализа и проверка во СЗО.
OhridNews