Едно од најреномираните светски списанија за пливачкиот спорт „Swimming World Magazine“, деновиве објави текст под наслов „Охридското Езеро, локација на августовскиот гранд-при на ФИНА под еколошка закана („Lake Ohrid, Site of August FINA Grand Prix, Under Ecological Attack”),во кој пишува за еколошката опасност која му се заканува на Охридското Езеро.

Текстот упатува на актуелниот проблем  со новите планови за урбанизацијата околу езерото и еколошките последици од истите, но и повикува на поголема ангажираност од страна на ФИНА и пливачката заедница за справување со како што го нарекува актот на „еколошки тероризам“.

OhridNews