Во периодот од 03 до 11.03.2025 година, отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид.

Пред учениците и наставниците од наставничкиот совет при електро-машинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“, беа одржани типизирани едукативни предавања на тема „Безбедно користење интернет и дигитални платформи“ при што, низ интерактивна комуникација, покрај за позитивните страни на интернетот, се дискутираше за погрешните намени, за формите на злоупотреба пред се на децата и младите, за облиците на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите, информираат од СВР Охрид.

Во едукативните активности на СВР Охрид биле вклучени и учениците од средното угостителско училиште, како и дечињата од градинка.

Полициски службеници од отсекот за превенција, пред учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид, реализираа проект поврзан со препознавање и сузбивање на облиците на семејно насилство, а пред најмладите од детската градинка „Клон“, спроведоа типизирани разговори за „Заштита на децата во сообраќајот“. На учесниците и слушатели на предавањата, им беа поделени и флаери со пригодни тематски совети и насоки, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews