Аида Филд, свршеничката на Роби Вилијамс, не можела да поднесе пејачот нон стоп да ги гледа натпреварите на светското првенство. Затоа привремено се отселила кај својата мајка во Лос Анџелес.
Верува дека не е единствената жена со овој проблем. Едноставно не сакала по цел ден да слуша само за фудбалот. Изјавила дека ќе се врати по завршувањето на фудбалското лудило. Штом таа се отселила, пејачот во куќата ги повикал своите пријатели за заедно да го следат светското првенство.