СВР Охрид поднесе посебен извештај против П.П.(50) од Охрид, поранешен извршен директор во АД „Езерка“-Охрид за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот како законски застапник на АД “Езерка“ во судска постапка неосновано признал побарување за неисплатени плати на тужителот Г.А. од Охрид за период од 01.02. до 20.04.2005 година, иако знаел дека на Г.А. работниот однос му престанал уште во јануари 2004 година. На овој начин пријавениот го оштетил АД „Езерка“-Охрид за износ од 450.000 денари, информираше МВР.
извор: МВР