Со приближување на Новогодишните и Божиќните празници, зачесте- на е појавата на недозволено набавување, промет и употреба на петради и други видови пиротехники средства. Овие средства, во Република Македонија нелегално се увезуваат и продаваат по трафики, пазари, на улица, во продав- ници и на други места.

Согласно одредбите на Законот за заштита од експлозивни материи, си- те предмети и производи што содржат распрскувачки состојки со дејство на експлозив, со кои се постигнуваат ефекти на оган, светлина, пукање или чад, претставуваат експлозивни материи. Со нив, промет можат да вршат претпријатија  регистрирани за таква дејност во Судскиот регистар кои имаат одобрение од Министерството за внатрешни работи.

Со цел укажување на законските прописи а посебно на штетните пос- ледици од употребата на петардите и другите пиротехнички средства, СВР Охрид, ќе презема интензивни мерки за целосна контрола над прометот и употребата на пиротехничките  и другите експлозивни материи.

Сите регистрирани случаи на недозволена употреба на овој вид на експлозивни материи, од страна на полициските службеници, ќе бидат  санкционирани согласно со одредбите на Законот за прекршоци против Јав- ниот ред и мир. Пронајдените петарди и друга пиротехника, според член 70 од Законот за експлозивни материи, ќе се одземаат и ќе се поднесуваат прекршочни пријави. Доколку се констатира загрозување на граѓаните или елементи на кривично дело, полициските службеници ќе постапуваат во склад со Кривичниот законик на Република Македонија.

Извор:СВР Охрид