СВР Охрид започна со реализација на превентивна кампања наменета за возачите на моторни возила „Стави појас“.

Во рамките на едукативната кампања, полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, на повеќе пунктови во градот, низ непосреден контакт на возачите на моторни возила им укажаа на неопходноста од користење безбедносен појас во текот на управувањето со моторното возило, информираат од СВР Охрид.

Исто така, додаваат, за време на активноста на возачите им биле поделени маици и освежувачи за возила со натпис „Стави појас“, како и летоци со едукативна содржина.

OhridNews