На 01.07.2024 во 19.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило „БМВ“, управувано од А.П.(34) од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.

Од полицијата информираат дека возилото „Ауди“ изгубило контрола и преминало на спротивната страна од коловозот при што дошло до судар со друго возило.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ауди“, М.П.(49) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „бмв“, Ф.Р.(28) од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на незгодата извршен е увид од екипа на СВР Охрид.

Г.М.