Од СВР Охрид информираат дека во текот на месец јули официјално се пријавени три случаи на нарушен јавен ред и мир, што е идентичен број на пријавените случаи во истиот период минатата година.
– Според аналитичките податоци, месецов во СВР Охрид регистрирани се 24 случаи на физички напад врз друго лице на јавно место што претставува благо намалување во однос на вкупно 26-те вакви случаи евидентирани во истиот период лани. По овие основи, СВР Охрид, месецов поднесе и десет барања за поведување прекршочни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од Секторот за внатрешни работи Охрид, додаваат дека во континуитет се бележи намалување на прекршоците по законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Според статистичките податоци, во јули и август минатата година во Охрид биле регистрирани 49 нарушувања на јавниот ред и мир, во 2013 година имало 76, во 2012 вкупно 135, во 2011 се регистрирани 108 а во 2010 година дури 169 нарушувања на јавниот ред и мир.
– Во рамките на своето работење, СВР Охрид посветено работи на откривање на сторителите на нарушувањата и поднесува соодветни пријави. Во таа насока и годинава ќе бидат интензивирани напорите за понатамошно намалување на овие прекршоци и одржување стабилнен јавен ред и мир и поволна безбедносна состојба, додава Димоски.
OhridNews