Во врска со случена сообраќајна незгода на ден 31.01.2009 година кај с. Д.Лакочереј, Секторот за внатрешни работи Охрид, презема интензивни мерки за пронаоѓање на патничко моторно возило кое на локалниот пат кај селото Д.Лакочереј удрило пешак по што го напуштило местото на незгодата.
   
Сообраќајната незгода се случила во 20 часот и 30 минути во близина на пекарата „Жито Охрид“. Притоа, патничкото моторно возило кое се движело по локалниот пат во насока кон Д.Лакочереј го удрило пешакот Ѓ.Н. родена 1953 година кој се движел по десниот раб на коловозот во истата насока. По ударот, возачот не само што не застанал да пружи помош на повредено лице, туку со поголема брзина го напуштил лице местото.
   
Во незгодата, лицето Ѓ.Н. се здобила со тешки телесни повреди по што итно е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде е задржана за понатамошно лекување. Увид на лице место е направен од екипа на СВР Охрид во присуство на дежурен Истражен судија при Основниот суд во Охрид.
   
Се молат граѓаните кои имаат некаква информација за поточно лоцирање на патничкото моторно возило, да се јават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефон 192.

извор: СВР Охрид