Во СВР Охрид, тројца претставници од здружението на граѓани за Европска Македонијаго пријавиле нарушувањето на јавниот ред и мир што се случи на 19 февруари во Домот за културата во Струга, каде здружението требаше да одржи трибина.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на средба со новинарите во Скопје изјави дека од пријавите и предадениот доказаен материјал полицијата има добра основа да го расветли инцидентот и да поднесе соодветни пријави против инволвираните во него.

Инаку како што соопшти СВР Охрид, организаторите ниту усно ниту писмено не ја пријавиле трибината во полициската станица во Струга. До инцидентот, според пријавата, дошло кога група од дваесетина луѓе упаднала во Домот за култура и со вербални навреди и исклучување на видео и аудио опремата го спречиле одржувањето на граѓанската трибина. Вербална расправија имало и надвор од местото каде што требало да се одржи трибината.

Од СВР Охрид информират дека интензивно работат на расветлување на случајот.