Поради основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против лицето Ф.Ч. роден 1975 година од Поградец, Република Албанија.
   
Пријавениот, незаконито, во РМ внесол  поголема количина на оружје и муниција а со цел истото да го продаде на лица – македонски државјани. Пријавениот, за чија активност СВР Охрид имаше оперативни сознанија, оружјето и муницијата ги пренесол преку илегален премин на државната граница и го сокрил во прикладен бункер во атарот на селото Љубаништа.

На ден 16.07.2009 година, околу 11 часот и 30 минути, над селото Лјубаништа во близина на магистралниот пат, кај бункерот, албанскиот државјанин кој со себе имал плутена вреќа, е затекнат со уште едно засега непознато лице. Тие, пред полициските службеници се обиделе да избегаат, во што едниот успеал додека при приведувањето, Ф.Ч. давал активен отпор. При преглед на плутената вреќа, понајдени се: две автоматски пушки калибар 7,62 мм. и две рамки полни со муниција, еден револвер со полна рамка со муниција како и близу 1000 парчиња куршуми калибар 7,62 мм за автоматско оружје.


Пронајденото оружје и муниција е одземено и предадено на вештачење во МВР-РМ додека Албанскиот државјанин е лишен од слобода и ке биде предаден во Основниот суд во Охрид.

СВР Охрид презема дополнителни мерки за пронаоѓање на второто лице кое успеало да избега.

Ohridnews