СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(47) од Охрид, виш цариник во царинската испостава на ГП „Свети Наум“ за сторено кривично дело „примање поткуп“ во обид.

На 02.08.2008 година, во 19,30 часот, на ГП „Свети Наум“, на излез од Р Македонија, пријавениот при вршење царинска контрола, се обидел од албанскиот државјанин К.Т., обраќајки му се на англиски и албански јазик да побара подарок, заради што К.Т. го снимил разговорот со мобилен телефон и случајот го пријавил во полиција. Инаку,цариникот од албанскиот државјанин барал подароци и го малтретирал при вршење контрола во текот на 2007 и 2008 година, во повеќе наврати.

извор МВР