Велосипедистите, моторциклистите и возачите на други моторни возила, како и пешаците секојдневно ги прекршуваат сообраќајните закони со што ја загрозуваат  не само личната туку и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, покажале анализите на СВР Охрид.

На одредени делници, посебно на  булеварот ,,Туристичка, пешаците, неретко го преминуваат коловозот на необележани  пешачки премини поточно  преку слободните простори или на места до електричните столбови на бетонската ограда. Прекршоци прават и возачите на патнички моторни возила(ПМВ) кои своите возила ги паркираат на тротоарите и другите пешачки зони, а  моторцикли и велосипеди, се забележуваат на повеќе пешачки зони низ градот, констатирала полицијата. Исто така таа констатирала и дека недостигат  сообраќајни знаци и како и други сериозни пропусти во сообраќајната инфраструктура.

Поради тоа, СВР Охрид  до одделението за сообраќај во локалната самоуправа предложил повеќе предлог мерки за елиминирање на овие состојби. Тие, како што соопшти сообраќајната полиција,  се однесуваат на затворање на необележаните премини преку коловозите,   физичка поделба (оградување) помеѓу тротоарите и коловозите со соодветни средства-бетонски столбчиња и метални огради  со цел да се оневозможи паркирањето на возилата на тротоарите, поставување  на сообраќајни знаци за забрана за движење на моторцикли и велосипеди на одредени пешачки зони и др.

Исто така сообраќајната полиција најави преземање и на конкретни  превентивни и репресивни мерки за елиминирање на негативни појави. Кон сите кои ги прекршуваат одредбите на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, собраќајната  полиција издава покана за глоба за сторен прекршок која за пешаци те изнесува од 15 евра во денарска противвредност за преминување на црвено светло до 35 евра за  преминување вон пешачки премин, информираше СВР Охрид. Со глоба од 45 евра односно 25 негативни поени  ќе се казнат возачите кои своите возила ги паркираат на тротоарите плус дополнителни 1600 денари кон ЈП Комуналец за подигнување на возилото. За непочитување на сообраќајните знаци,сообраќајната полиција изрекува казна-глоба од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка или регистрирање на 15 негативни поени .Моторциклистите кои управуваат пред стекнување право за управување на тој вид возила, ќе се казнуваат со глоба од 300 евра односно со 35 евра во денарска против вредност за управување без заштитен шлем за возачот и лицата кои се превезуваат.

 Казни ќе се применуваат и кон сите  учесници во сообраќајот кои нема да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци, соопшти СВР Охрид.

ohridnews