Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве спроведува превентивно едукативни активности со цел, заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид, од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.
Полициски службеници од Oтсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и ги посетуваат туристичките комплекси на подрачјето и, низ кратки разговори, ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени со што стануваат лесно достапни до сторителите и се предмет на кражби и џепни кражби. Притоа, прецизно им се укажува на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти, информираат од СВР Охрид.
На граѓаните и туристите, посочуваат, им се делат едукативни флаери со низа практични совети, со цел поефикасна заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и зголемување на нивната безбедносна култура.
Оваа проектна активност е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, кое подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици.
OhridNews