На 04.06.2024 во 07.20 часот, кај тунелот на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 67 годишно лице од Битола и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56 годишно лице од охридското село Требеништа.

Во несреќата, возачот од Требеништа се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.

OhridNews