Вчера вечер во 18:15 часот на улицата „7 ноември“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишно лице од селото Злести, општина Дебарца и „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 38-годишен охриѓанец.
По незгодата, 18-годишна девојка, сопатник во првото возило, била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се констатирани телесни повреди.
Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи, информира СВР Охрид.