На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за 59 и 56 годишни лица, двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото, информираат од СВР Охрид.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Претходно, во текот на вчершаниот ден Центарот за управување со кризи информираше дека возилото било паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина, на место викано „Превој“,  од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“

OhridNews