Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид излезе со детали за тешката сообраќајна несреќа, што вчера во 14,40 часот, во СВР Охрид се случи на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“. Во незгодата, како што информнира СВР Охрид,учествувале “фолксваген голф“ со охридски регистарски управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило “фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.

Во незгодата, сопатникот од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо“. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На местото на настанот интервенираа екипи на Брза помош и Територијалната професиопнална противпожарна единица Охрид, а увид изврши Сообраќајната полиција при СВР Охрид.

OhridNews
фото ТППЕ Охрид