На 19.11.2024 година во 09.30 часот во близина на Подмоље случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 37 годишно лице од струшкото село Корошишта и „Тигуан“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 26 годишно лице, од селото Лабуништа.
Притоа, совозачите на двете возила како и едно малолетно лице-сопатник во првото возило, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Сообраќајката, како што претходно информираа од СВР Охрид е предизвикана поради невнимателно однесување со моторно возило при престигнување.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
OhridNews