На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 64 годишно лице од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 63 годишно од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 38 годишно лице од Гостивар.
На местото на настанот починале возачите од Битола и Гостивар, а сопатничката од патничкото возило „опел“ 38 годишна од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала. Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот од Кичевското село и неговата 67 годишна сопатничка од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ 37 годишен од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и 60 годишно лице од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје, информираат од СВР Охрид.
На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.
OhridNews