СВР Охрид денеска соопшти поединости во врска со смртниот случај во населбата Воска, но не ги откри околностите под кои настапила смртта кај Џ.Ј.кој беше пронајден мртов во својот стан.
На 21.04.2008 година, околу 21 часот, во СВР Охрид било пријавено исчезнување на лицето Џ. Ј. од Охрид роден 1973 година. Настанот го пријавиле негови роднини според кои Џ.Ј. исчезнал уште во февруари. По преземените мерки од страна на полициските службеници, пронајдено е мртвото тело на Џ. Ј. во неговиот стан на улица ,,Гоце Делчев во Охрид.
На лице место, увид извршијле полициски екипи од СВР Охрид, патолог, Истражен судија и Заменик јавен обвинител при Основниот суд во Охрид. По наредба на Истражен судија, телото е предадено за судско-медицинска обдукција, соопшти СВР Охрид.