Денеска (28.02.2024 година) околу 10.00 часот е пријавено дека се поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид.
СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави.
OhridNews