По повод 8-ми Септември денот на независноста и сувереноста на Република Македонија, СВР Охрид уптати честитка до граѓаните за среќен и долговечен празник.

-Како демократска институција, професионално и ефикасно продолжуваме во сузбивањето на сите видови криминалитет, градиме концепт на блискост со граѓаните, максимално посветувајки се на заштитата на човековите права и слободи и на вистинските вредности на нашето демократско општество. Градиме стабилен и современ безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици и кој ќе ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и просперитетна држава целосно интегрирана во Евро-атланската заедница, пишува во честитката.

OhridNews