По неколкуте пожари на отворен простор на локации на подрачјето на Oпштина Дебрца, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел, поголема заштита на регионот од појава на пожари.
Воедно, упатуваме апел до жителите на Дебрца да избегнуваат палење оган на отворено, на стрништа, плевел и отпадоци и потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, велат од СВР Охрид.
Истото, додаваат, се санкционира со соодветни поднесоци и предвидена е и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
OhridNews
фото. Архива