OhridNews вчера и денес доби голем број честитки од читатели, здруженија, институции, пратеници, спортисти, културни работници, по повод 4-от роденден со желби за успешна работа и во иднина. Кон честитките се придружи и СВР Охрид во чиј допис до нашата редакција стои:

Пo повод  Вашиот јубилеј- 4 години OHRIDNEWS, Ви упатуваме искрени честитки и Ви посакуваме понатамошен успе во Вашата работа.

Како прв електронски портал во Охрид, OHRIDNEWS  постави високо
професионални стандарди во сферата на објективното и непристрасно
информирање.

Вашата отвореност кон сите институции и кон граѓаните во целина и
понатаму останува еден од препознатливите белези на OHRIDNEWS, што
секако е клучен момент императив и понатаму да останете медиум кој се
чита и на кој му се верува.

Во оваа прилика, посебно ја нагласувам извонредната соработка што
Секторот за внатрешни работи Охрид ја има со OHRIDNEWS како и Вашиот
придонес, СВР Охрид да биде претставен како вистински сервис на
граѓаните и  гарант на заштитата на човековите права и слободи. – се вели во честитката на портпаролот на СВР Охрид Стефан   Димоски.

OhridNews им се заблагодарува на сите искрени пријатели за упатените честитки кои не охрабруваат да продолжиме по патот по кој чекориме заедно со илјадниците читатели кои секојдневно му изразуваат доверба на Првиот електронски весник во Македонија.

OhridNews