Во текот на вчерашната вечер 10/11.10.2021 во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 70 возачи.
Од нив, 12 на територијата на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи во насока на обезбедување на побезбедни патишта.
OhridNews