Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 26.03.2020 до 07.00 часот на 27.03.2020 година, едно лице во Охрид не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус ЦОВИД-19, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • Нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во моментов, СВР Охрид по основ на изјава за самоизолација и решение за изолација, контролира вкупно 607 лица (Охрид-179, Кичево-81, Струга-137 и Дебар-210). Полициските службеници извршија 386 контроли на лица во самоизолација и 134 на лица во задолжителна изолација, информира Димоски.

Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (ЦОВИД-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

OhridNews