Со плански типизирани предавања, СВР Охрид ја продолжува реализацијата на проектот „Превенција од зависности“. Денес, на тема „Борба против дрога“, полициски службеници-едукатори ќе остварат видео презентации и разговори со учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“. Во текот на оваа недела, слични наменски предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари во основното и во подрачното основно училиште „Братство“ во Охрид.
СВР Охрид, преку оделението за превенција во континуитет реализира превентивни едукативни проекти поврзани со борбата против дрога и други облици на зависности и деструктивни појави. Целта е на најмладите пред се, но и на останатите целни групи е да им ги претставиме опасностите од злоупотребата на наркотиците кои негативно влијаат врз младата популација и се сериозна закана за нивното здравје, сигурноста и безбедноста.
Инаку, СВР Охрид во периодот од 2008 до 2012 година го спроведе проектот „Дрога-вистина и заблуди“ што се реализираше со учениците од сите основни и средни училишта во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Центар Жупа како и со нивните родители. Овој проект инициран од канцеларијата за односи со јавност, беше реализиран со непосредни проактивни контакти како и со видео презентации на македонски, албански и турски јазик. Едукативниот проект „Дрога-вистина и заблуди“ беше презентиран пред околу 25000 ученици и 9000 родители.
OhridNews