Секторот за внатрешни работи од Охрид во пресрет на Новата година го пронајде и го лиши од слобода лицето Ведат Малиќи, роден 1964 година од Охрид. Ова лице од страна на полициските службеници е предадено во истражниот затвор во Скопје.
Ведат Малиќи е лишен од слобода поради тоа што е сторител на тешко кривично дело убиство кое што го извршил на 4 август 1996 година, кога со цврст остар предмет, ја усмртил својата сопруга,30-годишната Силвија Порсиус Малиќи, државјанка на Холандија.
Сега притворениот, веднаш по убиството се вдал во бегство. Од страна на Основниот суд во Охрид, на 6 август 1996 година е осуден во отсуство на затворска казна во траење од 15 години.
Според изјавата на портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, убиецот цели 12 години престојувал во Холандија, поради што и не бил достапен на полициските и правосудните органи.
Малиќи легално влегол во Македонија на 25 декември 2008 година преку скопскиот аеродром. Охридската полиција по одредени созанија на 31 декември 2008 година го лоцирала убиецот во Охрид и го привела.
Портапоролот Димоски, изјави дека приведениот не давал отпор при полициската акција.
А.Р.