При личен преглед врз пријавениот, инспекторите од оделението за борба против дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа една опаковка опојна дрога кокаин додека во неговиот изнајмен стан во Охрид каде е извршен претрес, пронајдени се пет опаковки опојна дрога Хероин, значителна сума пари, техничка стока без документација како и повеке трансакциони сметки за уплата на поголема сума пари. Со уплатниците, пријавениот Р.Т. во текот на месец Јуни 2009 година преку неговата сопруга, извршил уплата на парични средства на лица од Охрид што укажува на фактот дека се работи за организирано вршење на недозволена трговија со дрога.
Кај пријавениот, пронајдени се и повеке белешки во кој водел евиденции колку пари ке потроши за набавка на стока селектирајќи ги : ,, пари за роба,, и ,,за бело,,.
СВР Охрид, презема натамошни мерки за пронаоѓање на други лица поврзани со овој настан.