Охридската полиција каде градоначалникот Александар Петрески вчера пријавил случај на закана, реши да го прекине молкот и за попладнево најави прес конференција.

 Неофицијално дознаваме дека полицијата има осомничени, но детали од истрагата официјално до сега не се соопштуваа, а медиумите не можеа да стапат во контакт ниту со портпаролот на СВР Охрид.

Во недостиг на официјални информации во јавноста се плетат разни приказни за тоа како се случил инцидентот со охридскиот градоначалник и кој му се заканувал. Но, Петрески во изјава за медиумите денеска рече дека немилиот настан воопшто не се случил на начин на кој некои медиуми тоа го пренесоа вчера и денес. Што всушност се случило, Петрески не откри, а медиумите ги упати за повеќе информации да се обратат до полицијата и судот. Токму полицијата одлучи да ја одвитка мистериозноста која го следи случајот кој е топ тема во охридската јавност. Ohridnews навремено ќе ве информира за деталите од пресот.

Ohridnews