СВР Охрид на информативен разговор повикало 22 лица кои се сомничат дека се можни сторители на инцидентот кој се случи на граѓанската трибина за „Европска Македонија“, што требаше да се одржи во четвртокот во Струга.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловскa, во изјава за медиумите денеска соопшти дека по завршување на истрагата полицијата ќе поднесе соодветна пријава против нарушителите на јавниот ред и мир.

Како што е познато поради упад на поголема група граѓани и вербални закани кон организаторите, трибината за „Европска Македонија“ во Центарот за култура во Струга, која инаку не била пријавена во полиција, не се одржа.

Ohridnews