– Од страна на увидната екипа не се регистрирани траги на насилство, рече Димоски.
Давеникот е идентификуван како Бошко С.(1933), кој привремено живеел во Охрид со неговиот син. Димоски информираше дека сега покојниот бил психолабилна личност. Телото на давеникот е предадено на семејството.
Вчерашната е петта жртва во водите на Охридското Езеро ова лето. Во јули српски каратист почина од срцев удар на плажа во Далјан, а две момчиња на возраст од 20 години се удавија на плажата кај х. Парк. Минатиот месец кај плажата Лагадин се удави возрасен маж, а во судир на два глисери загина жена. Црниот биланс на охридската ривиера ова лето го надополнуваат и неколкуте параглајдерски несреќи во кои едно лице загина, а пет потешко беа повредени.