Мирно, без регистрирани нарушувања на Јавни- от ред и мир, и без случени сообраќајни незгоди, помина прославувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици, соопшти СВР Охрид.

– Секторот за внатрешни работи  Охрид,  успешно реализира повеќе оперативни и превентивни мерки  за безбедно одвивање на овој  голем православен празник.Во услови кога празникот го прославуваа повеќе илјади верници и други гости од земјава и странство, целта на активностите беше одржување на стабилна безбедносна состојба на подрачјето и безбедно одвивање на предвидените организациски активности  за достојна прослава на празникот. Мерките, пред се имаа превентивен карактер со цел елиминирање на можностите за нарушување на јавниот ред и мир,  за нормално одвивање на сообраќајот и елиминирање на можностите за вршење на инкриминирани дејствија од страна на поединци, се наведува во соопштението.

Сепак, вчера претпладне во СВР Охрид, од страна на три лица жители на Охрид, пријавени се три кривични дела „кражба“. Се работи  за кражба на паричници оставени необезбедени во ташна и  лична облека.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, велат од полицијата.

Ohridnews