На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Тетово.

-Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат  со доброволно собирање парични средства како и со донирање од своите приватни мобилни телефони преку мобилните оператори, на отворените мобилни броеви 070/075/078/ 143-400, информираше потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Инаку во текот на изминатиот период, службениците на СВР Охрид поддржаа и беа вклучени во други слични хуманитарни активности.

OhridNews