Целта на средбата е запознавање на месното население со превентивните активности од проектите „Превенција од провални кражби„ „Превенција од злоупотреба на огнено оружје„ како и со планираните мерки за заштита од пожари посебно на отворен простор. Предвидени се видео презентации по предвидените проекти како и дистрибуција на флаери, плакати и друг соодветен едукативен материјал.
На состанокот, свои излагања по темите ќе имаат претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од Локалната самоуправа, поточно од Локалниот совет за превенција, од Центарот за управување со кризи, од територијалната против-пожарна единица, претставници од тимот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ .