Охрид ќе биде домаќин на Регионална конференција на тема  „Транспарентна и одговорна полиција“ што заеднички ја организираат Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Одделот за развој на Полицијата при мисијата на ОБСЕ во земјава.
   
На средбата, што ќе се одржи в четврток покрај претставници на Македонското министерството за внатрешни работи  и на Секторот за внатрешни работи Охрид, ке учествуваат претставници од ОБСЕ како и градоначалниците на 10-те Општини кои територијално ги покрива СВР Охрид.
   
На конференцијата ќе бидат презентирани активностите и поставеноста на Секторот за внатрешни работи Охрид, во поглед на безбедноста на целото подрачје и организацијата на полициското делување во остварувањето на безбедносната функција. Посебнен акцент ке биде ставен на интенцијата за градење безбедна заедница и создавање модерна полициска организација согласно европските принципи и стандарди.
 
Во тој контекст, ке биде биде изнесена  визијата за развој на Секторот за внатрешни работи Охрид, базирана врз зацврстување на партнерството помеѓу Полицијата и заедницата, заштита на човековите права и слободи, еднаквост на сите пред законот и поголема ефикасност во намалувањето на криминалитетот, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews