Секторот за внатрешни работи- Охрид и Оделението за превенција, денес во 19 часот, во просториите на Општината Дебрца во Белчишта, ќе го одржат седумнаесеттиот состанок со членовите на Советодавната група граѓани  од  Дебрца.

Целта на средбата е запознавање на населението со планираните превентивни активности поврзани со проектите „Превенција од провални кражби„ „Превенција од злоупотреба на оружје„ како и запознавање со планираните превентивни мерки за заштита од пожари посебно на отворен простор.

Во врска со овие проектни активности, ќе бидат презентирани неколку видео проекции, а ќе се поделат флаери и друг едукативно-пропаганден материјал. Со Претседателите на Местните заедници и со другите членови на Советодавната група, ќе се договорат и други иницијативи за надминување на одредени состојби од областа на криминалитетот.

 На состанокот, свои излагања по темите ќе имаат претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од Локалниот совет за превенција, од територијаната против-пожарна единица, Републичкиот центар за управување со кризи, Доброволното против-пожарно друштво, Шумското стопанство „Галичица„ Здружение на пензионери, Здружение на ловци и други поканети гости.

OhridNews