Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со Полициската станица и Оделението за превенција, денска во  зградата на Охридската територијалната противпожарна единица, го организираат вториот работен состанок со претставници на Спортските клубови,Општинскиот фудбалски сојуз, комесарите за безбедност во спортот како и со претставници на навивачката група ,,Рибари,,.

СВР Охрид ја продолжува соработката со спортските клубови

На работниот состанок, на кој ке присуствуваат и претставници на Општините Охрид и Дебрца но и други субјекти кои партиципираат во организи- рањето на спортскиот живот во двете општини, ке бидат разгледани законските одредби и обврските на спортските клубови односно организаторите на спортските натпревари и манифестации. Посебно ке биде разгледан договорот за спроведување на проек- тот ,, Стоп за насилството во спортот,,

Меѓу другите теми на состанокот ке биде и информацијата за забраните од Фудбалската феде- рација на Македонија за присуство на фудбалски натпревари на публика на гостинскиот тим односно забрана за клубско организирање на навивачките групи за нивно патување и присуство на спортските натпревари.  

На состанокот, свои излагања по темите  ке имаат претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од Локалната самоуправа на Општините Охрид и Дебрца, претставници на НВО и др.

ohridnews