Отсекот за управни работи при СВР Охрид ги информира граѓаните кои во периодот од 15.03 до 14.05.2024 година, поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Тоа, можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот. Отсекот за управни работи при СВР Охрид, секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел, забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните, велат од СВР Охрид.
OhridNews