СВР Охрид денеска го промовираше Одделението за превенција, кое преку непосреден контакт со заедницата ќе работи на превенција, идентификација и решавањето на проблемите од безбедносен карактер.


На овој начин ние како институција сакаме да изградиме еден нов вид партнерство пред се со граѓаните, единиците на локалната самоуправа, невладините организации, верските заедници и другите релевантни фактори во општественото живеење, со кои полицијата во иднина поблиску ќе работи на превенција и решавање на проблемите, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Целта е низ поголема соработка со граѓанскиот сектор и локалните институции да се зголеми безбедноста и да се елиминира, односно намали криминалитетот и другите асоцијални однесувања, велат од ново формираното Одделение за превенција. На терен со граѓаните директно ќе работи вишиот инспектор за превенција, Тони Филипов. Тој рече дека секојдневно ќе им биде на располагање на граѓаните, а со цел тие полесно да  контактираат со него во сите училишта и јавни установи поставени се плакати од кои граѓаните можат да се информираат за целите на полициското одделение за превенција. Со градење меѓусебна доверба ќе постигнеме подобра безбедност и квалитет на живот, рече, инспекторот Филипов.

Г.М.