СВР Охрид го одбележа 7-ми мај – Денот на полицијата
07.05.10 14:22
Со повеќе манифестации СВР Охрид го одбележа Денот на полицијата 7-ми мај. Во рамките на одбележувањето на празникот, во Регионалниот центар „Запад“, беше остварена средба со ученици од ОУ „Братство“ како и со децата од детската градинка „Јасна Ристеска“.
– Во просториите на СВР Охрид имавме средби со повеќе институции со кои имаме одлична соработка и денешниот ден беше вистинска можност уште еднаш да ја потенцираме нашата одлична соработка и координација. Нашата цел е превентивно да се делува во сите сфери и се е поголемата желба за минимизирање на репресијата, ваквиот наш однос се препознава кај граѓаните и на овој празник за сите им искажувам благодарност за добрата соработка за наше општо добро – рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР Охрид ја потенцираа одличната соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, за што признание му беше доделено на координаторот Љубе Матески.
– Оваа благодарница за мене претставува поттик да продолжам и понатаму да се занимавам со оваа проблематика. Откривањето на неексплодирани борбени средства и нивниот транспорт е доста опасна работа, како за тие што работат така и за тие што се среќаваат со оваа проблематика. Дирекцијата во соработка со МВР и понатаму ќе продолжи со планското работење на ова поле – истакна Матески.
На празникот на полицијата , традиционално беше избран најдобриот полицаец во СВР Охрид. Оваа година ова признание отиде во рацете на Владо Карадакоски . Најдобриот полицаец во 2010-та е припадник на СВР Охрид од 1999 година.
Најстариот и најдобриот полицаец – Вида и Карадакоски
– Се гордеам со оваа награда и верувајте ми дека тешко е да се добие ова признание во Охрид, бидејќи конкуренцијата во секторот е огромна. Нашата цел е превентивно да се делува во сите можни случаи, за да сфатат граѓаните дека ние постоиме за нив. Оваа награда ќе делува мотивирачки за уште повеќе докажувања и сузбивање на сите видови криминалитет – потенцираше Карадакоски.
Началникот на СВР Охрид Стефан Буџакоски во разговор со Вида
На денешното одбележување на празникот присутен беше и еден од најстарите полицајци во Охрид Фикри Вида. Вида (84) полициската должност ја обавувал од периодот 1951 до 1972 година, а добитник е на медал за народот.
Седум краци од улици со вкупна должина повеќе од 900 метри ќе се асфалтираат во Пештани Во оваа насока денес започнаа подготвителни активности на терен Вкупната вредност на овој проект изнесува око...
На 13022025 во 0025 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди била донесена 18 – годишна девојка од кавадаречко село Во разг...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава (10 – 12022025 година), на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети кои им...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.