Со брза интервенција на полициските службеници, И.А. кој веднаш избегал од местото, е пронајден и приведен во Полициската станица во Струга. Пронајдено е огненото оружје – пиштол кое, истиот без одобрение го поседувал а со кое се претпоставува дека е извршено кривичното дело, истакна портпаролот на охридската полиција.
Настанот се случил синоќаоколу 18 часот и 30 минути на влезот во Струга поточно на раскрсницата од регионалниот пат Струга-Дебар и магистралниот пат Охрид-Ќафасан. Сега приведениот И.А. со своето патничко моторно возило марка „Форд-Ескорт„ го попречил патот по кој се движело возило марка „Голф„ управувано од М.М. од селото Делогожда во кое биле сега починатиот и неговиот син. Откако им го блокирал патот, И.А. излегол од своето возило, со пиштол го удрил возачот од возилото „Голф„ кој се обидувал да излезе и го истуркал назад во автомобилот. Во следниот момент, од возилото излегле сега починатиот и неговиот син кон кои, И.А. пукал, погодувајки го Џ.И. во пределот на градите и десниот колк а М.И. во слабинскиот дел од стомакот. Веднаш потоа со своето возило избегал од местото на настанот.
Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Струга каде и покрај укажаната помош Џ,И. им подлегнал на повредите. Неговиот син, по неопходната медицинска интервенција, е надвор од животна опасност.
На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Истражен Судија и Заменик Јавен Обвинител од Основниот Суд во Струга. Пронајдени се вкупно три чаури кои со огненото оружје се испратени на вештачење.
Полициските службеници преземаат дополнителни мерки за утврдување на мотивот за убиството и за комплетно расчистување на случајот.