СВР Охрид ќе врши интензивни контроли за време продолжениот викенд, кога се одбележува христијанскиот празник Велигден, сѐ до вторник, 21 април, кога на сила ќе биде забраната и посебниот режим на движење на територијата на целата држава. Полицијата предупредува дека забраната за движење важи и за верските објекти,  а секое прекршување ќе се казнува.

Контроли ќе се вршат на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд населбите, како и на верските храмови, информира Секторот за внатрешни работи Охрид.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, предупредува полицијата.

OhridNews