СВР Охрид, ќе биде дел од институциите кои денеска во 10.30 часот, во компанијата „Магна“ во индустриската зона во Струга, ќе учествуваат во реализација на показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио по случена елементарна непогода.

Целта на показната вежба е увежбување на надлежните служби и подигнување на степенот на подготвеност и координираност за навремено, соодветно и ефикасно делување и евакуација во случај на елементарни непогоди и други несреќи. Показната вежба, воедно ќе значи и можност за проверка и ажурирање на оперативните планови на компанијата и другите надлежни служби и утврдување на потреби и дополнувања заради поефикасна примена на предвидените безбедносни протоколи, посочуваат од СВР Охрид.

Во реализација на показната вежба, ќе учествуваат и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалните противпожарни единици од Охрид и Струга, Здравствен дом Струга и Црвен крст.

Апелираме до граѓаните и учесниците во сообраќајот, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews