Секторот за внатрешни работи-Охридм утре ќе организира состанок со претставници на спортските клубови и организации како и со други субјекти кои партиципираат во организирањето на спортскиот живот во општините Охрид и Дебрца.

Целта е, запознавање и разгледување на законските обврски и одредби на спортските клубови и организаторите на спортските натпревари и манифестации. На средбата ќе се разгледа и договорот за спроведување на проектот  ,,Стоп на насилството во спортот“.

Покрај претставници на СВР Охрид, учество ќе земат и гости од општините Охрид и Дебрца, претставници на невладини организации и спортски работници.

Состанокот ќе се одржи во 12 часот во Средното угостителско училиште ,,Ванчо Питошески“ во Охрид  и е во согласност со концептот за полициско работење со заедницата.

Ohridnews