Во рамките на проектот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија „За спортот заедно“, денес, во СВР Охрид ќе се одржи работен состанок помеѓу претставници на полициската станица од општа надлежност Охрид и отсекот за превенција со претставници на спортските клубови, нивни симпатизери и членови на навивачките групи.
– Главната цел на овој проект е поттикнување на соработката помеѓу полицијата и спортските клубови, симпатизерите и членовите на навивачките групи, од аспект на создавање предуслови за безбедност на спортските натпревари како и градење однос на соработка и доверба, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Проектот „За спортот заедно“, е обид повеќе што ќе овозможи вмрежување на сите надлежни субјекти одговорни за безбедноста на спортските терени. На состанокот, меѓу другите точки ќе бидат презентирани одредбите од Законот за спречување на насилството и недостојно однесување на спортски натпревари.
OhridNews