Дилан во Скопје настапува во рамки на светската турнеја која започна во далечната 1988 година, во рамки на која има одржано неверојатни 2100 концерти. Македонската публика вечерва во живо ќе ги слушне химните на многу генерации: „Like a Rolling Stone“, „Knockin” on a Heaven’s Door“, „Forever Young“ и други.
Боб Дилан до сега има издадено 34 студиски албуми, 54 синглови, 13 концертни и 14 компилациски албуми, а добитник е на Пулицер, „Оскар“ и на „Греми“. На планетарните награди, тој денеска ќе ја придодаде и таа на најреномираната светска поетска манифестација, Струшките вечери на поезијата, која ќе го награди големиот поет за посебен придонес во поезијата.