На патот за Елшани, над автокампот „Елешец“, опасно свлечиште ги демне и ги загрозува локалните жители и сите други кои патуваат за Елшани или доаѓаат оттаму.

Ова место е веќе „традиционална“ опасност последниве десетина и повеќе години, особено во вакви временски услови и време е надлежните да преземат нешто посериозно за трајно да се реши овој проблем кој, само по некоја чиста случајност, досега не направил поголема материјална штета или, недајбоже загрозил човечки живот.-велат локалните жители.

За да не дојде до несакани последици, елшанци молат и барааат од надлежните итно да се реагира.

OhridNews
 фото:Дим Дон